ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кавгите за политички поени го парализираат јавниот превоз во главниот град

74 години Скопје со јавен превоз. Од жетони, хартиени билети,наплата со пари па се до електронски картички.

Јавниот превоз во Скопје по 32 години. Со протести, блокади, долгови, вработени без плата.

Дали технологијата која покрај Светските но и во Европските земји стигна и кај нас и донесе немири, кавги,возачи без плати.

Кој е виновен за ваквата состојба во скопскиот јавен превоз?

Покрај електронските билети и нехигиената во автобусите се причини кои Скопје по 74 години се соочува со колапс во јавниот превоз.

Пинг понг обвинувања на релација град Скопје – приватни превозници. Дали во приватните автобуси или во автобусите на ЈСП се продавале незаконски билети без фискални сметки.

Праксата покажува дека токму автобусите на ЈСП биле тие коишто издавале билети без фискална сметка.

Управата за јавни приходи ја чешла работата во Слобода превоз, Макекспрес и ЈСП.

„Управата за јавни приходи има обврска за чување на даночна тајна согласно којаслужбените лица во УЈП се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци, деловни тајни или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна, прекршочна или судска постапка“ – реагираат од УЈП.

Пред повеќе од месец дена за прв пат од формирањето на ЈСП започна хаосот во јавниот превоз во Скопје.На протест излегоа вработени во ЈСП. Пет линии на приватниот превозник „Макекспрес“ прекинаа со работа.

Ученици од скопски Сарај протестираа поради намалениот број на автобуси. Осум дена со блокади приватните превозници бараат решение за милионскиот долг кој ги спречува да возат по скопските улици.

На ланските избори победничката Данела Арсовска вети бесплатен автобуски превоз за граѓаните, но сега тие патуваат со се помалку автобуси и во поголеми турканици. Неизвесен е проектот БРТ- Бас Рапид транзит за автобуско метро, кој требаше да го подобри јавниот превоз.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.