ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

И ГЕРБ се откажа од мандатот за составување влада на Бугарија

Партијата ГЕРБ стана втората партија која се откажа од мандатот да формира нова бугарска влада.

Само што го доби мандатот партијата на Бојко Борисов го врати. Кабинетот предводен од Даниел Митов не успеа да обезбеди мнозинство за подршка во бугарското Собрание.

Претседателот Радев сега мора да побара трета страна да се обиде да формира влада. Тоа би била Бугарската социјалистичка партија.

Ако и третиот обид не успее, Бугарија ќе мора да оди на нови вонредни избори.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.