ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Италија со речиси 40 отсто зголемен морталитет од изминатите години, се преоценува вистинската бројка од коронавирусот

Medical personnel at work in the intensive care unit of the hospital Pourtales site "Hospital Pourtales" during the coronavirus disease (COVID-19) outbreak in Neuchatel, Switzerland, Monday, March 23, 2020. (Jean-Christophe Bott/Keystone via AP)

Морталитетот во Италија од почетокот на годинава е зголемен за речиси 40 отсто во споредба со изминатите години, според официјалниот извештај објавен во понеделникот кој ја поврзува црната статистика со епидемијата на коронавирусот, и истовремено укажува дека бројот на смртните исходи од болеста Covid-19 можеби е најмалку за 11.600 лица повисок од официјалните податоци, се истакнува во заедничкиот извештај на Националниот институт за статистика (Istat) и Националниот здравствен институт.

Еден од моментите во истражувањето кое го опфаќа периодот од 20-ти феваруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција со коронавирусот во северниот регион Ломбардија, до 31-ви март. Во овој период починале повеќе од 90.000 луѓе, или 38,7 отсто повеќе од 65.000 починати кои се забележани во истиот временски период во годините од 2015-та до 2019-та.

Според тоа, значи дека е забележана таканаречената „непосакувана смртност“ на 25.000 луѓе за споменатиот период, иако само 13.710 смртни исходи официјално се поврзани со Covid-19, респираторната болест којашто ја предизвикува новиот тип коронавирус. Според последните податоци од неделата вечерта, бројката на починати директно поврзани со последици од коронавирусот изнесува речиси 29.000 лица.

Остатокот го сочинуваат недијагностицираните случаи на Covid-19 или луѓе со други болести кои не се лекувани на пропишаниот начин додека здравствениот систем бил преоптоварен со епидемијата, се вели во извештајот.

„… Исто така, удел имаат и околу 11.600 смртни исходи, за коишто можеме, користејќи ги моментално достапните податоци, да се постави хипотезата за три можни причини. Оваа дополнителна смртност е поврзана со Covid-19 (случаи во кои не е направен тест), консеквентна смртност поврзасна со Covid-19 (смрт настапена како последица на дисфункција на органи како срцето или бубрезите и веројатните последици од болести предизвикани од вирусот кај нетестирани лица, како што по аналогија произлегува со зголемувањето на смртноста од кардио-респираторни проблеми во време епидемија на грип) и, на крајот, консеквентна (индиректна) смртност која не е поврзана со вирусот, туку е придизвикана од кризата на здравствениот систем и стравот од доаѓање во болниците во најпогодените региони“, се истакнува во извештајот.

Научниците и експертите, анализирајќи ги податоците за смртноста и текот на епидемијата на коронавирусот, ја поделиле територијата на Италија на три дела. Од тоа на северот од земјата биле концентрирани 89 отсто од смртните случаи. Само во март, бројот на смртните случаи во споредба со истиот месец од 2015-та до 2019 година се зголемил за 568 отсто во провинцијата Бергамо, 391 отсто во провинцијата Кремона и 370 отсто во провинцијата Лоди. Севкупно, во март годинава во споредба со истиот месец минатата година во Италија се зголемил за 49,4 отсто.

Студијата е базирана на податоците добиени од вкупно 6.866 италијански општини, што е 87 отсто од вкупниот број на општините во Италија. Периодот на истражувањето го покривал прериодот на првиот случај на локална трансмисија на вирусот во Кодоњ, градот на северот, па до времето кога кривата на заразата во земајта започнала да спласнува.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.