Италијанската мафија под превезот на хуманоста ги зацврстува своите територии во кризата
Организираните криминални групи нудат поддршка на фамилии кои се во карантин и немаат пари. Додека Италија се бори да се извлече од кризата настаната поради корона вирусот, мафијата добива поддршка од локалното население со тоа што доставува храна на финансиски погодените фамилии кои се во карантин, предупредуваат властите.
Во последните неколку недели, се појавија видеа од познати мафијашки банди кои им испорачуваат основни производи на Италијанците подогени од вонредната состојба, низ најсиромашните региони на југот, додека тензиите растат во целата земја.
„Повеќе од еден месец продавниците, кафулињата, рестораните и пабовите се затворени“, рече Никола Гратери, истражувач за антимафија и шеф на канцеларијата на јавните обвинители во Катанзаро, за „Гардијан“. „Милиони луѓе работат во сивата економија, што значи дека не добиле никаков приход повеќе од еден месец и немаат идеја кога би можеле да се вратат на работа. Владата издава таканаречени трговски ваучери за поддршка на луѓето. Ако државата не се повлече наскоро за да им помогне на овие семејства, мафијата ќе ги обезбеди своите услуги, наметнувајќи ја нивната контрола врз животот на луѓето “.
Како последица на заклучувањето на Италија, погодени се 3,3 милиони луѓе кои работат непријавени. Од нив, повеќе од 1 милион живеат на југ, според најновите бројки на Здружението на занаетчии и мали бизниси чие седиште е во Венеција. Пријавено е дека им се врши притисок на сопственици на мали продавници да даваат храна бесплатно, додека полицијата патролира во супер маркетите во некои области за да ги сопре кражбите. На интернет се појавија видеа од луѓе во СИцилија кои протестираат против властите, и луѓе кои чекаат пред банките во Бари да земат заем од 50 евра со што додаваат масло на оганот врз кризата; оган кој мафијата е спремна да го изгаси.
Од првите сигнали за зголемените социјални немири, италијанската министерка за внатрешни работи, Лусијана Ламорсе, изјави: „мафијата може да ја искористи растечката сиромаштија, за да регрутира луѓе во нивните организации“. Или едноставно за да дистрибуирате бесплатни пакети со храна тестенини, вода, брашно и млеко.
Во последниве денови, полицијата во Неапол го засили присуството во најсиромашните делови од градот, каде што луѓе поврзани со Камора, неаполската мафија, организираа домашна достава на пакети со храна. Надлежните веќе започнаа истрага против група луѓе кои беа испрашувани додека дистрибуираа храна на локалните жители.
Во Палермо, според Ла Репблика, братот на шефот на мафијашката банда Коза Ностра, наводно, дистрибуирал храна на сиромашните во населбата Зен, област со воспоставено мафијашко присуство. Кога се појавија вестите, тој се бранеше на Фејсбук, тврдејќи дека тој само правел добротворни работи и ја нападнал новинарката која првпат ја пријавила веста.
„Мафиите не се само криминални организации“, рече Федерико Варезе, професор по криминологија на Универзитетот во Оксфорд. „Тие се организации кои се стремат да управуваат со територии и пазари. Оние кои се занимаваат со овој проблем, честопати се фокусираат на финансискиот аспект на мафиите, но имаат тенденција да заборават дека нивната сила доаѓа од тоа што имаат локална база со која управуваат“.
Прашањето за дистрибуција на пакети со храна е тактика стара исто колку и самата мафија. На југот на Италија, мафијашките шефови се претставија пред народот како добродетели и локални брокери, првично без да побараат ништо за возврат.
„Шефовите на мафијата своите градови ги сметаат за своја територија“ рече Гратери. „Тие многу добро знаат дека за да управуваат, мора добро да се грижат за луѓето на нивната територија. Тоа и го направија, искористувајќи ја ситуацијата во своја полза. Во очите на народот, шеф кој тропа на врата и нуди бесплатна храна е херој. Шефот знае дека ќе може да смета на поддршката од овие семејства кога е потребно, кога на пример мафијата ќе спонзорира политичар на избори кој ќе ги продолжи нивните криминални интереси.“
Десетици истраги на југот доведоа до апсење на политичари кои ја потпомогнуваа и поддржуваа мафијата, а кои беа избрани со поддршка на локалните мафиози кои ги принудија граѓаните да гласаат за нив во замена за услуги.
Варезе рече: „Ова што мафијата го дава не се подароци. Мафијата не прави ништо поради тоа што е љубезна. Тие се услуги што секој ќе мора да го плати во една или друга форма, со тоа што ќе помогне и прикрие бегалец, ќе држи пиштол, ќе се занимава со дрога и слично.“
„Размислете што се случи со Ел Чапо, мексиканскиот нарко шеф“, рече Гретери. „Тој шверцувал тони кокаин и наредил убиство на стотици луѓе, но во неговиот роден град бил познат по својата добронамерност, затоа што луѓето рекле дека тој обезбедувал лекови на семејства или градел патишта. Истата работа се случува и овде “.
Оваа недела, канцеларијата на обвинителството за антимафија на Италија соопшти дека мафијата ќе им го понуди својот бесконечно криминален капитал на деловните лица што имаат потреба, а потоа ќе ги проголтаат. Потоа, мафијата ќе ги користат тие бизниси за профит на перење пари од криминални активности.
Варезе рече: „Мафијата може да може да има корист на други начини од сегашното заклучување, а особено во иднината, кога Италијанците ќе можат да се вратат на работа, да трошат повеќе пари и повторно да ја кренат економијата на нозе. Но, делењето на пакети храна во Палермо и Неапол ја покажува нивната вистинска природа и тоа кажува зошто тие се толку опасни.“