ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Истанбул повторно избира градоначалник

Жителите на Истанбул повторно избираат градоначалник по поништувањето на локалните избори одржани во март на кои победи политичкиот противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Изборите се повторуваат речиси три месеци по локалните избори одржани на 31 март на кои во Истанбул победи истакнатиот опозициски лидер Екрем Имамоглу. Со исклучително мала разлика тој го победи човекот на Ердоган, поранешниот турски премиер Бинали Јилдирим.

Резултатот беше поништен по големиот број жалби на исламистичко-конзервативната Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, која се жалеше на „масовни неправилности“. Огорчената опозиција во поништувањето гледа знак на авторитарноста на турската власт.

Двата табори одат на сѐ или ништо во турската економска престолнина со околу 16 милиони луѓе. „Кој ќе победи во Истанбул, победува во Турција“, повеќе пати истакна Ердоган.

Претседателот сака да ја задржи власта во градот каде што ја почна политичката кариера како градоначалник и кој на неговата партија ѝ ја обезбедува неопходната финансиска база. Опозицијата, пак, сака на изборите да му го земе на претседателот „бисерот“ во неговата круна.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.