ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ИСПЛАТЕНАТА ПРОСЕЧНА БРУТО-ПЛАТА ЗА НОЕМВРИ ЛАНИ ИЗНЕСУВА 43 509 ДЕНАРИ

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 43 509 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.8.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите:

  • Стручни, научни и технички дејности (13.6 %),
  • Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.8 %) и
  • Информации и комуникации (11.6 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:

  • Дејности во врска со недвижен имот (3.9 %),
  • Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.7 %) и
  • Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 29 130 денари.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.