Ирачкиот парламент бара странските војници да ја напуштат земјата
Ирачкиот парламент донесе резолуција во која се повикуваат странските
трупи да ја напуштат земјата. Резолуцијата уследи по американскиот
воздушен напад минатата недела во близина на Багдад, во кој загинаа
иранскиот воен командант, Касем Солејмани. Пратениците исто така побараа
од ирачката влада да забрани странските сили да користат ирачка земја,
воздушен простор или вода од која било причина.
Владата се обврзува да го повлече своето барање за помош од
меѓународната коалиција што се бори против екстремистичката група
Исламска држава, за да се стави крај на воените операции во Ирак и да се
постигне победа, се наведува во резолуцијата.
Резолуциите на парламентот не се обврзувачки за владата, но премиерот
Адил Абдул-Махди претходно го повика парламентот да преземе итни мерки и
да стави крај на присуството на странските трупи што е можно поскоро.
Тензиите во регионот се засилија откако во американски воздушен напад во Багдад во петокот беше убиен иранскиот генерал Касем Солејмени. Техеран се закани дека ќе се одмазди за смртта на генералот.
Во Ирак има војници од коалицијата за борба против Исламската држава предводена од САД, како и НАТО мисија за обука на ирачките сили.