Иран се закани дека може да собори и други американски дронови
Иранскиот адмирал Хосеин Канзади им се закани на Соединетите Држави дека Техеран е способен да собори и други американски шпионски дронови.
Полуофицијалната агенција Тасним го пренесе предупредувањето на адмиралот Хосеин Канзади за време на состанокот со група воени функционери.
Канзади кажа дека Иран може секогаш да одговори „разорно и непријателот го знае тоа“.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица нареди, па откажа воен напад врз Иран по соборувањето на американскиот дрон.
Иран вели дека дронот го нарушил иранскиот воздушен простор, додека САД негираат.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: