ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Иран ако го блокира Ормускиот Теснец тоа ќе го направи јавно

Началникот на Генералштабот на Иран, генерал мајор Мохамед Бакери изјави денеска дека неговата земја не стои зад нападите на нафтените танкери во Оманскиот Залив во минатата недела. Според него, доколку Иран сака да го блокира Ормускиот Теснец, кој е од витално значење за нафтената индустрија во заливот, тоа ќе го направи јавно.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД не сакаат војна со Иран, но оти ќе обезбедат премин на бродови низ Ормускиот Теснец низ кој се транспортира третина од светската нафта.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.