Иранските медиуми објавија фотографии од „заробените шпиони поврзани со ЦИА“ (ФОТО)
„Идентификуваните шпиони беа вработени во чувствителни и витални центри од приватниот сектор од економска, нуклеарна, инфраструктурна, воена и сајбер област… каде што собираа доверливи информации“, се вели во изјавата на Иранското министерство за разузнавање објавено на државната телевизија.
Иран објави дека раскинал наводна шпионска мрежа на ЦИА во јуни, но официјални лица допрва треба да разјаснат дали денешната објава е поврзана.
Апсењата, наводно, се случиле во март 2019 година, но денес се објавени со фотографии кои наводно прикажуваат неколку од уапсените, како што на интернет објавија државните медиуми. Сликите се лични или семејни фотографии, а не слики од лица во притвор.
#تسنیم منتشر کرد: تصاویر افسران اطلاعاتی سیا
وزارت اطلاعات: ١٧ جاسوس تربیتیافته سیا دستگير شدند؛ برخی از این جاسوسان حکم اعدام گرفتهاند
На државната телевизија денес исто така е емитуван и ирански документарец на кој наводно е прикажан офицер на ЦИА како регрутира Иранец, додека парот бил во ОАЕ.
Апсењата ја одбележуваат најновата ескалација во зголемените тензии меѓу САД и Иран, откако претседателот Доналд Трамп ја повлече Америка од меѓународниот нуклеарен договор во 2018 година. Американскиот сојузник Британија, исто така, се втурна во тековната расправија, со запленувањето ирански танкер, за потоа Иран да заплени танкер на Велика Британија.