ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Иранскиот парламент ја прогласи Централна команда на американската војска за „терористичка организација

epa05333177 Iranian President Hassan Rouhani (R) delivers his speech to parliament during the inauguration ceremony of the new Iranian parliament, in Tehran, Iran, 28 May 2016. The Iranian parliament will be dominated by reformists for the next four years. EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Американската Централна команда е означена како „терористичка организација“ од страна на иранскиот парламент, како возвратна мерка на ставањето на иранската Револуционерна гарда на „црната листа“ на Вашингтон.

Сите организации, институции и сили под Централната команда се означени како „терористи“ од страна иранските пратеници, кои ја потврдија содржината на документот, и го осудија американскиот потегот за ставање на иранската Револуционерна гарда, официјална воена гранка на воените сили на Исламска Република Иран, на црната листа на терористички организации.

„Владата на Исламска Република Иран и воените сили мора да применат превентивни акции и превентивни одбранбени мерки секогаш кога е неопходно, за да ги одвратат можните непријателските потези на силите на САД против интересите на Исламската Република“, ја пренесува содржината на документот агенцијата Фарс.

Во документот се наложува и генералштабот на иранската војска да почне да собира информации за активностите на американската Централна команда за потоа материјалот да може да се искористи од страна на иранските судови за процесирање конкретни личности. Во документот, меѓутоа, не се наведуваат механизми со кои Американци би требало да бидат изнесени пред правдата во ирански судови.

Минатата недела САД, за првпат во историјата, означиja официјална странска воена институција, иранската Револуционерна гарда, како терористичка организација, а тензиите меѓу двете држави растат откако американскиот претседател Доналд Трамп реши еднострано да се повлече од иранскиот нуклеарен договор и да ги врати санкциите против Техеран.

Револуционерната гарда е елитната воена сила на Исламска Република Иран веќе 40 години.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.