ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Инциденти во Цетиње во пресрет на устоличувањето на Јоаникиј

Противниците на устоличувањето на митрополитот Јоаникиј во Цетиње поставиле блокади на еден километар пред влезот во Цетиње, од правец од Подгорица. Блокадата е од автомобилски гуми. Во Црна Гора пристигна поглаварот на Српската православна црква(СПЦ) Порфириј, а него на аеродромот во Подгорица го пречекаа Јоаникиј и свештенството.

Од Подгорица кон Цетиње се движат многу автомобили кои сакаат да стигнат во Цетиње на протестот против устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски кое треба да се одржи утре во Цетињскиот манастир. Полицијата повремено ги запира автомобилите. Граѓани успеале да пробијат неколку полициски блокади на влезот во Цетиње.

Градоначалникот на Цетиње, Александар Кашчелан ги повика сограѓаните и оние кои денеска и утре ќе присуствуваат во Цетиње да се издигнат над политиката, оти, како што вели, мирот и човечките животи немаат цена.

Во центарот на Цетиње има силно полициско присуство.

На устоличувањето на новиот митрополит на СПЦ во Црна Гора Јоаникиј во Цетињскиот манастир се спротивставуваат црногорските национални организации, локалната власти и најголем дел од опозициските партии, меѓу која и партијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

За нив устоличувањето на Јоаникиј во Цетињскиот манастир значи навестување за „окупација“ на Црна Гора и воведување на земјата во „српски свет“. Тие со денови бараат чинот на устоличување да се изведе во кој било друг град во Црна Гора, само не во Цетиње, кој е културно-историски центар на Црна Гора.

Цетињскоиот манастир е седиште на црногорско-приморската Митрополија на СПЦ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.