ИНТЕНЗИВНИ БОРБИ ЗА СТРАТЕШКИОТ ГРАД МАРИУПОЛ, ДАЛИ Е КОРИСТЕНО ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ?
Следните недели се клучи за земјата, предупредуваат украинските власти..Руската армија продолжува со распоредување на илјадници војници во регионот Донбас на истокот од земјата, каде со мали прекини, судирот меѓу двете страни трае од 2014-та година.
Според проценките, руските сили сега се фокусираат на Доњецк и Луганск, а продолжуваат и борбите околу Херсон и Николаев.
„Мислев дека полесно и побрзо ќе го освоиме Херсон. Но работите не се одвиваат како што се надевавме. Украинците се добро тренирани борци.“ – изјави Владислав Усович припадник на милицијата на Доњецката Народна Република.
Во меѓувреме, ситуацијата во Мариупол од ден на ден станува се потешка. Во неколку неделната офанзива на руската армија, животот го загубиле најмалку десет илјади цивили, тврдат Украинските власти. Во моментов во градот, које под секојдневни ракетни напади, заглавени се околу 120 илјади цивили кои имаат итна потреба од храна, вода и лекови.
„Мариупол е уништен. Има десетици илјади убиени. Но и покрај тоа, русите не запираат со офанзивата. Сакаат да направат пример од Мариупол.“ – изјави Володмири Зеленски претседател на Украина.
Владимир Путин пак вели дека она што се случува во Украина е трагедија но Русија немала друг изборт освен да ја нападне земјата..Воопшто не се сомнева дека ќе бидат исполнети целите на како што ја нарекува, „специјалната операција“…
„Главната цел е да им помогнеме на луѓето во Донбас, на народот во Донбас, што го признавме и моравме тоа да го направиме, бидејќи властите во Киев, охрабрени од Западот, одбија да ги спроведат договорите од Минск, насочени кон мирно решавање на проблемите.“ – изјави Владимир Путин претседател на Русија.
Американските и Британските власти пак се обидува да ги потврдат наводите дека руските сили употребиле хемиско оружје во нападот врз Мариупол. Ваквата реакција следува откако неколку украински пратеници изјавија дека Русија употребила засега „непозната супстанца“ во Мариупол, што предизвикало респираторни проблеми кај населението.
„Извештаите за хемиско оружје во Украина сè уште не се потврдени. Такво нешто би било надвор од сите норми, но не и невозможно. Речиси сè што Русите направија досега е надвор од вообичаените воени конвенции.“ – изјави Ричард Данат порашен шеф на генералштабот на британската армија.
Руските сепаратисти негираат дека било употребено хемиско оружје во борбите во пристанишниот град. Првиот човек на сепаратистите во Доњецк, тврди дека неговите борци не користеле никакви хемиски агенси во судирите со украинската армија.