ИНСПЕКТОРИТЕ НА ТЕРЕН: ИСПРАЗНЕТИ РАФТОВИ ИЛИ ПОВЛЕЧЕНИ ПРОИЗВОДИ?
Се уште нема потврда дали маркетите изминатиов викенд сами ги повлекле производите или рафтовите ги испразниле граѓаните, вели директорката на Државен пазарен инспекторат, откако вчера министерот за економија тврдеше дека паника за купување на производи меѓу граѓаните немало, туку дел од трговците намерно ги повлекле залихите.
Направени се записници, земени се фактурите за залихите, допрва ќе се утврдува што се случило викендов.
„Тоа беше само перцепција која ние ја споделуваме, дали трговците сами ги повлекле залихите од рафтовите или тоа го направиле потрошувачите, во еден ден ние не можеме да ја уврдиме таа констатација.“ – изјави Анета Симоска директор на ДПИ.
Од досегашните 100 контороли кои се направени неправилности, по воведување на новата владина мерка за ограничување на трговските маржи – не се утврдени.
ДПИ и денеска на терен. Од инспекторатот потврдуваат лебот поскап и за 5 денари. Најави има дека ќе поскапат и други производи. Инспекторите констатирале дека овошјето, а во некои градови и маслото за јадење се засега со пониски цени.
Надлежните денеска уште еднаш повторија стоковите резерви се полни, но нема потреба од нивно ставање во функција.
Инфлацијата будно се следи. Денарот е стабилен и таков ќе остане уверува гувернерката на Народната Банка. Бежовска во разговор за ТВ24 вели механизми има доколку е потребно ќе се интервенира.
Вчера започна да важи новата владина мерка – наместо замрзанти цени на дел од основните прехрамбени производи, се до 31 мај на сила е ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало, за 5 и 10 %.