ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Има повеќе од милион следбеници: Девојката која ја „предвидува“ вредноста на биткоинот

Се чини дека одговорот на прашањето кога треба да се тргува со биткоин може да го даде – астрологијата.

Според Ројтерс, 22-годишната Марин Алтман од Њујорк изградила база со повеќе од милион следбеници на ТикТок кои ја прашуваат да одговори на прашањето кога профитабилно да се тргува со најпопуларната криптовалута. Таа ги советува преку астролошки анализи.

Така, минатата недела ги предупредила своите следбеници дека корекција на цената ќе се случи на 11 јануари, бидејќи Сатурн ќе вкрсти со со Меркур. Инаку, Алтман својата анализа ја темели на датумот кога е „миниран“ одреден блок, што ќе биде еднакво на роденден.

И Навистина, на 11 јануари, биткоинот изгуби 21% од вредноста, со што малку запре метеорскиот пораст на цената, што е двојно зголемена од почетокот на декември, кога достигна рекордни 42.000 долари.

„Никогаш нема да кажам некому да купи или да продаде. Јас можам да предвидам патеки на цената, но не сум финансиски советник и не ги знам специфичните околности на поединецот“, истакнува Марин.

Иако повеќето инвеститори ќе ѝ дадат анализа на движење на цените еднаква на кредибилитетот како гатањето, Алтман е дел од растечката група на млади инфлуенсери на ТикТок кои минатата година започнаа да објавуваат содржини поврзани со криптовалути, откако започна забележителниот пораст на цените.

Имено, непредвидливото движење на цената на биткоинот збунува многу финансиски аналитичари кои истакнуваат дека криптовалутите немаат фундаментални вредности за да можат да ја проценат нивната цена како со традиционалните класи на средства.

Сепак, откако вредноста на биткоинот скокна петпати во текот на 2020 година, големите инвестициски банки започнаа и со објавување на целните цени на таа криптовалута.

Марин Алтман верува дека цената може да порасне на крајот на овој месец, а уште повеќе на крајот на февруари-почетокот на март. Во средината на март, таа голем пад на вредноста.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.