ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Илон Маск вели сите луѓе треба да работат најмалку 80 часа неделно за да го сменат светот

Elon Musk speaks at TED2017 - The Future You, April 24-28, 2017, Vancouver, BC, Canada. Photo: Marla Aufmuth / TED

Илон Маск во понеделникот на Твитер напиша дека верува дека ако сакаме вистински да го промениме светот би требало да работиме 80 часа неделно, пишува Бизнис Инсајдер.

Зборувајќи за компаниите каде е извршен директор Тесла, Спејсекс, Боринг компанијата и Неуралинк, Маск вели: „Знам дека е полесно да се работи на некои други места, но никој досега не го променил светот работејќи 40 часа неделно“.

Кога на Твитер бил запрашан колку часа неделна работа е потребно за такво нешто, Маск, одговори: „Зависи од особа до особа, но би било доволно 80 часа. Понекогаш и 100. Чувството на тежината на работата експоненцијално се зголемува по 80 часа работа неделно“.

Илон Маск овој месец за технолошкиот портал Рикоуд опиша како работи околу 120 часа неделно, и како вработените на Тесла оваа година по потреба работеле и 100 часа неделно, кога се излегувало со автомобилот Модел 3 седан. Тој истакна дека компанијата Тесла немало да преживее на пазарот доколку не се работело толку многу.

Дел од вработените на компанијата Тесла за Бизнис Инсајдер изјавиле дека навистина премногу работат, а некои изјавиле дека повеќе им одговара да работат 70 или повеќе часа неделно.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.