ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Израел бомбардираше цели во Сирија

Според Израелската армија организација во Сирија испратила безпилотно летало кое цели на училиште во јужниот израелски град Еилат, а Израел одговорил на нападот.Во соопштението се додава дека тие ја сметаат сириската влада целосно одговорна „за каква било терористичка активност на нејзина територија“.

-ИДФ го смета сирискиот режим целосно одговорен за секоја терористичка активност што произлегува од нејзината територија. Ќе одговориме на секоја агресија врз Израел, наведува во соопштението ИДФ во кое не се наведува дали има повредени.

Десетици илјади луѓе се евакуирани во Еилат, град од северот на Израел и областа во близина на границата со Појасот Газа, каде што продолжуваат судирите меѓу израелската војска и припадниците на палестинскиот Хамас. Израелската армија тврди дека неколку часа секојдневно ги прекинува воените операции за да овозможи евакуација на цивилите, но Хамас се обидува да ги задржи како жив штит.

-Се разбира дека имаме интерес да го правиме тоа бидејќи тие не се наш непријател. Но Хамас се обидува да го запре тоа, Хамас се обидува да ги држи цивилите во борбеното подрачје. Зошто? Бидејќи сака овие кутри палестинци кои најверојатно немаат ништо со борбите, да останат каде што се за Хамас да може да ги искористи за жив штит и да бидат заштитен слој каде Хамас се крие во под земја.-изјави – Џонатан Конрикус – Портпарол на ИДФ.

И покрај повиците за прекин на огнот, премиерот Нетанјаху порача дека нема да се согласи на тоа се додека не се ослободат заложниците. Над 240 лица се уште држи Хамас.

Меѓу нив е и 19 – годишната Наама Леви за која вчера и Еврејската заедница во Македонија потврди дека има македонски корени а документацијата е испратена во Израел.

Професорката Рашел Леви Друмер која е родена во земјава, е вклучена во обидите да се ослободи девојката од заложништво, и се надева дека со нејзината историја Наама Леви би можела да добие државјанство и вели дека имало неколку случаи кога Хамас ослободил киднапирани оти се државјани и на други земји. Упативме прашање до МНР за случајот, но засега нема одговор околу можноста да и се издаде македонско државјанство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.