Одлуката за приведување на Нетанјаху ќе треба да ја донесе државниот обвинител. Последниот случај на обвинение се однесуваше на истрагата за корупција поврзана со телекомуникациската компанија Безек , за договор тежок повеќе стотици милиони долари.

Истрагата ја опфаќа и поранешниот советник за медиуми на Нетанјаху и уште еден висок државен службеник. Двајцата како сведоци потпишаа нагодба со државата и осигураа докази во полициската истрага.