ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Измените во Уставот ќе и помогнат на државата да оди напред

Измените во Уставот ќе и помогнат на државата да оди напред и да го остави минатото зад себе. Амандманите го гарантираат правото на самоопредлување, а јазикот си останува македонски, сметаа експертите кои денеска беа дел од дебатата за уставните измени во Штип.

Меѓународниот уставен судија во Босна и Херцеговина Маргарита Цаца Николовска е на став дека Преспанскиот договор нуди подобри перспективи, предлага да се прифатат амандманите со кои се зајакнува македонскиот идентитет.

Се согласува Преспанскиот договор да стане уставна категорија, но не и да се споменува уставот од 1991. За амнадманот 34, кој предвидува одлуките на АСНОМ да се заменат со прогласот, Цаца Николовска има свој став и предлог.

Споменикот Воин на коњ да се се пресели во Атина до прашања зошто НАТО се поврзува со подобар живот, до предлози за амандманите, ваква помина денешна дискусија во Штип за уставните измени. Заев е оптимист дека за гласање на уставните измени ќе го обезбедат потребното двотретинско мнозинство во Парламенот.

Потенцираше дека доколку Грција не ги исполни своите обврски односно не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО, тогапш нема да стапат во сила ниту уставните измени.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.