ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Изгласан новиот состав на ДИК по желбите на политичките партии, а не по професионалност

95 Пратеници од власта и опозицијата дадоа зелено светло за изборот на новиот состав на ДИК.Собранието ги официјализираше партиските комбинаторики. Александар Даштевски од ВМРО ДПМНЕ е избран за претседател, а Дитмире Шеху од ДУИ за потретседател на изборното тело. Беса нема да има свој член во комисијата затоа што на изборите настапи во коалиција со СДСМ. Дадоа поддршка на предлогот, но побараа во иднина да се размислува за реформи кои ќе овозможат со ДИК да раководат експерти и професионалци.

За членови на ДИК избрани се и Бојан Стојановски како предлог на  ВМРО ДПМНЕ, СДСМ ќе настапи со тројца, Борис Кондарко, Радица Ристеска и Оливер Ристовски, а свој претставник ќе има и Алијанса на Албанците- Алтернатива, Кренар Лога.

Експертите на неколку наврати предупредуваат дека со партискиот избор нашата држава дефинитивно го напушти концептот за професионализија.

Прва задача на  новите членови  на ДИК ќе биде избор на нови општински изборни комисии и избирачки одбори затоа што мандатот на досегашните им е истечен а ќе треба да се спроведе и едукација на изборната администрација.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.