ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Изгласаните закони за коридорите веќе се кај Пендаровски, опозицијата и синдикатот во исчекување на потегот

Вчера изгласаните закони за автопатите од коридорите „Бехтел и Енка“ веќе се на маса кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Од неговиот кабинет велат, деновиве тие ќе биле предмет на анализа по што претседателот ќе одлучел дали да ги потпише указите со што тие би стапиле на сила.

Во меѓувреме опозицијата како и синдикатот за градежништво остро се спротивставуваат на пакетот закони со акцент на законот кој ја уредува работната недела на 60 часа. Од Левица коментираат дека со европско знаменце сдс и дуи изгласале ропство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.