ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Извештајот за породувањето на родилката од Дебар открива нови скандалозни детали

Извештајот од стручниот наод на Лекарската комора поврзан со случајот на  родилката од Дебар Јелдиз Веапоска на која при породување и беа отстранети бубрег, матка и јајник открива многу нејаснотии.

Ова е дел од извештајот во кој на 10 страни се наведени изјавите на сите лекари кои за време на породувањето биле во операциона сала.Веапоска, се соменава дека доктор Мухамед Асани воопшто  бил присутен за време на породувањето.

Гледам дека доктор Мухамед Асани значи воопшто не знае со што сум се породила,така што јас го прашувам него и се запрашувам, дали тој учествувал во текот на операцијата на царскиот рез или пак учествувал само неговит син Блертон Асани кој беше специјализант кога ме оперираа мене.Зошто се сомневаш дека не присуствувал Асани? Затоа што Мухамед Асани во изјавата од  извештајот на лекарската комора кажува дека јас сум се породила со машки плод а јас имам женско дете дома -рече Јилдиз Вепапоска-родилка од Дебар.

Во извештајот на лекарската комора стои дека не се евидентирани пропусти при опрацијата, но и дека не можеле да го спорат крварењето кое се појавило и затоа и ги извадиле бубреготм матката и јајникот.

Но, тука пишува дека во периодот кога сум била во сала дека не можеле да го сопрат крварењето  и затоа го извадиле бубрегот, матката и јајникот.Значи е утвдено крварење од стеблото на артеријата реналис лево, јас мислам дека е направена некоја повреда на артеријата-рече Јилдиз Вепапоска-родилка од Дебар.

Вепапоска којапримероците од извадениот бубрег, матка и јајник ги зеде од Институтот за патологија за да ги однесе во друга референтна лабораторија каде во мементов се прави уште една патолошка анализа,ги чека резултатите кои треба да потврдат дали станува збор за нејзини органи, а потоа вели ќе продолжам со потрага по вистината која треба да открие како и кога дошло до повреда на бубрегот и до кога витален орган бил функционален. Таа и понатаму се соменева во лекарска грешка.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.