ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Изборна ноќ во САД; Што треба да знаете додека Американците гласаат

Републиканецот Доналд Трамп или демократот Џо Бајден? Кој ќе биде следниот претседател на САД? ДВ прави преглед на она што треба да го знаете додека Американците излегуваат на гласачките места,

1. Очекувајте рекордна излезност

Одѕивот на гласачите во САД за претседателските избори е низок во споредба со многу други земји, а во последните години се движи околу 55 отсто. Сепак, пандемијата на коронавирусот натера многу американски сојузни држави да ги изменат правилата за гласање со проширување на можностите за предвремено лично гласање како и за гласањето по пошта.
Рекордни 85 милиони Американци веќе гласаа до 30 октомври. До овој датум во Тексас дадените гласови на предвременото гласање веќе го надмина вкупниот број гласачки ливчиња од изборите во 2016 година. Со личното гласање денеска низ целата земја, вкупниот број на гласачки ливчиња најверојатно ќе постави нов рекорд.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.