ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Избори во Србија

Почна предизборниот молк во Србија во пресрет на парламентарните, покраинските и локалните избори. Вкупно 6.583.665 граѓани на Србија со право на глас ќе можат да гласаат на 8.385 избирачки места. Изборите ќе ги следат 3.341 домашни и 111 странски набудувачи а српската дијаспора ќе може да гласа и во 40 други држави.

Претседателот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, чија партија е главен фаворит за победа, ја започна предизборната кампања под мотото „За нашите деца“, велејќи дека Србија е најуспешна во привлекувањето на странски инвестиции во Југоисточна Европа и дека според „Фајненшл тајмс“ тие се „најуспешните во светот“.

Кампањата ја одбележаа и големиот број на обвинувања меѓу политичките партии а според последните анкети на српските медиуми се очекува излезноста да биде под 50 проценти…Дел од опозицискиот блок цвеќе соопшти и дека ќе ги бојкотира изборите.

Поради ситуацијата со коронавирусот, оваа предизборна кампања и во Србија помина без поголеми собири но затоа медиумите и социјалните мрежи беа исполнети со интересни видеа.О собено големо внимание предизвикаа промотивните видеа на Српска напредна странка на Вучиќ.

Еден од спотовите во кој се појавува и самиот Вучиќ, пак, беше забранет откако Регулаторното тело за електронски медиуми не дозволи прикажување бидејќи во него имаше малолетно дете на кое српскиот претседател му ветува дека ќе го врати нејзиниот татко од печалба во Германија. На парламентарните избори кои ќе се оддржат во недела, ќе учествуваат 21 партија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.