ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Избори во СДСМ: Заев против Зоран

Зоран против Заев, се одржуваат внатрепартиски избори за претседател на СДСМ. Партијата ги нарекува врв на демократијата, а се само со еден кандидат. На ливчето за гласање е само едно име, што ги потсетува луѓето на избори во едно друго време и друг систем. Сепак тоа не ги спречи социјал-демократите ден откако бројките на новозаразени од Ковид 19 достигнаа и речиси 1300 да си прават избори на кој ќе го гласаат Заев за претседател.

До сега ќе имавме 500.000 вакцинирани само СДСМ навремено да ја насочеше енергијата кон набавка на вакцини, наместо на организирање партиски избори со однапред познат резултат-рече Александар Тортевски – адвокат.

Она што е алармантно е што за изборите на СДСМ се користат и дел од државните ресурси, односно сали на општините. (слики)

Поранешни функционери на партијата за изборите во СДСМ со досетки реагираат на социјалните мрежи, повод е речиси празното ливче, на кое недостигаат повеќе кандидрани лица за врвната функција во партијата

Софија Куновска: И вие со еден кандидат,а ?

Опозицијата со сатира го обележува денот на изборите во СДСМ . Велат дека  севернокорејската демократија се повеќе и повеќе продира во Македонија.

Зоран Заев денес не само што е единствениот кандидат и единствениот претседател, веројатно е и единствениот потпретседател, генерален секретар,  и веројатно единствен домар во седиштето на Социјал демократскиот сојуз на севернокорејска Македонија.

*По ист принцип Зоран Заев ја води и Владата на Република Македонија. Не само што е премиер, туку е и нагазувач на судството, креатор на хаосот во финансиите, координатор на партизираните органи на државата, веројатно координатор и на посредниците во набавката на вакцините и воедно единствен и главен виновник за состојбата во која се наоѓа државата денес -рече Валентин Манасиевски – ВМРО-ДПМНЕ.

На внатрепартиските избори право на глас имаат речиси 70 000 членови на партијата. А СДСМ е во улога на државна изборна комисија па цел ден си пренесува излезност на членството по општини.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Повеќе

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Можеби сте пропуштиле

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.