Зошто сипаниците се толку смртоносни и вакцинацијата толку важна?
Во дел од Њујорк е прогласена вонредна состојба по епидемијата на сипаници. На невакцинирани деца им е забранета посетата на училиштата. Во Германија исто така се одвива дебата за задолжително вакцинирање.
Мерките со кои се дефинира јавен простор е секаде каде „што може да се соберат повеќе од 10 лица” – вклучително и јавен транспорт – беше објавено неодамна од официјалните лица во Рокланд, на 40 километри северно од Њујорк. Тоа беше најрадикалниот чекор преземен од американските власти по избувнувањето на епидемијата во неколку региони за што се обвинува анти-ваксерско движење.
„Мора да направиме сѐ што е во наша моќ за да ѝ се стави крај на епидемијата и да се заштити здравјето на оние кои не можат да бидат вакцинирани од медицински причини и на децата кои се многу мали за да бидат вакцинирани”, вели првиот човек на оваа област, Ед Деј. Тој исто така го критикуваше и „отпорот“ кон здравствените инспектори од дел од локалното население. Во областа Рокланд, во која има над 300.000 луѓе, регистрирани се 153 случаи на сипаници, за која во 2000 година беше официјално објавено дека се искоренети. И покрај огромните кампањи за вакцинирање, по избивањето на епидемијата од минатиот октомври, е утврдено дека околу 27% од малолетниците под 18 години се невакцинирани, вели Деј.
Најлошо засегнати населби се оние со екстремно – православно еврејско население, каде што многумина се против вакцинација поради религиозни причини. Вакцинацијата во САД, во теорија е задолжителна за да може детето да се запише на училиште, но во 47 од 50 сојузни држави, вклучително и во Њујорк – се дозволуваат исклучоци од правилото, меѓу кои и религиозни причини.
Зголемен бројот на случаи со сипаници во светот
На почетокот на март, УНИЦЕФ го вклучи алармот поради рапидно зголемениот број на случаи на сипаници во некои региони во светот. Во 2018 година во 98 земји се регистрирани повеќе случаи на сипаници од претходно. Извештаи со регистрирани случаи на сипаници доаѓаат и од земји во кои оваа болест беше искоренета, меѓу кои и Бразил, каде што само минатата година со сипаници беа заразени над 10.000 луѓе. Во Филипини беа заразени околу 13.000, додека во Мадагаскар тој број порасна на 76.000 само од минатиот септември. Ситуацијата е делумно драматична и во Украина, каде 24.000 луѓе се заразени од опасниот вирус само во првите недели од годинава.