Зошто Путин сé уште не се вакцинира против COVID-19?

SAINT PETERSBURG, RUSSIA - MARCH 16: (RUSSIA OUT) Russian President Vladimir Putin gestures during his meeting with health workers at the Almazov Medical National Research Centre on March 16, 2018 in Saint Petersburg, Russia. The 2018 Russian Presidential Elections will take place on March 18. (Photo by Mikhail Svetlov/Getty Images)
Според Владимир Путин, неговата ќерка летото 2020 година ја прими првата руска вакцина против ковид „Спутник V“, но претседателот сé уште не се вакцинирал. За тоа постои објаснување.
Во Русија од јануари 2021 година почна масовна вакцинација на граѓаните против коронавирус, при што и заинтересираните странци кои се наоѓаат во Русија можат да ја примат вакцината „Спутник V“. Сепак, претседателот Владимир Путин сé уште не ја примил.
Во февруари 2021 година Путин се сретна со директорите на руските медиуми и во текот на разговорот со нив соопшти дека сé уште не ја примил „Спутник V“, затоа што според неговата програма за вакцинација му претстои вакцинирање против други болести, како што се грип и пневмокока.
„Нема да се глупирам и затоа тоа нема да го сторам специјално пред камерите, но сигурно ќе ја примам нашата вакцина која ја сметам за најдобрата на светот според сите показатели (мислејќи на „Спутник V“ – заб. на уред.)“, рече рускиот претседател, пренесува „Комерсант“.
На 11 август 2020 година Путин соопшти дека е регистрирана првата вакцина на светот против инфекцијата со Covid-19 „Спутник V“. Според него, една од неговите ќерки учествувала во испитувањето на вакцината и ги примила двете дози. После првата доза температурата ѝ се качила на 38 степени, а наредниот ден била малку повисока од 37.
„Тоа е сé, по втората доза, втората вакцина, температурата исто така малку ѝ се качи, а потоа сé се нормализираше, добро се чувствува, а показателите за антитела се високи“, рече рускиот претседател во август минатата година.