ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Знамето на НАТО се развеа пред Влада, Иванов ја добил поканата откако заврши настанот

Знамето на НАТО од денеска се вее во дворот на Владата, заедно со македонското. Никој веќе нема да ни го попречува влезот во Алијансата, порача премиерот Заев на свечената церемонија. Како Република Северна Македонија вели дека земјава многу скоро ќе седне на 30-то столче како рамноправна членка со најмоќните сојузници.

Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината, не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја. Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа рече премиерот Заев.

Членството во НАТО, Заев вели дека е само почетокот на европеизацијата на земјава. Премиерот најави сериозен фокус на реформскиот процес за да ги убедиме земјите членки на Унијата дека Македонија е подготвена да ги стартува пристапните преговори.

Правниот систем мора да дели правда еднакво за сите. Нула толеранција на корупцијата. Во институциите нема да има место за оние кои со своето работење ја изневерија работата за лични интереси и привилегии. Да ја вратиме довербата со тоа што ќе ставиме мораториум на кавгите кои ги попречуваат или оддалечуваат нашите државни интереси и државни цели“, рече Заев.

Огромно мнозинство во Македонија поддржуваше членство во ЕУ и НАТО и тој број е се уште голем, но цената која Заев им ја испорача на граѓаните е премногу голема, реагираше опозициската партија. Тоа е резултат на неговата неспособност да ги заштити националните и државните интереси, а притоа да ги оствари стратешките цели. Затоа денес се соочуваме со згазен идентитет и достоинство. Поразот на Заев на следните избори ќе биде нова зора за граѓаните и успех за Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

На свечената церемонија утрово присуствуваше дипломатскиот кор, целиот владин тим и пратениците, но не и претседателот Иванов. Владината прес служба тврди дека Иванов бил уредно поканет и писмено преку курирска служба и електронски, но од кабинетот на шефот на државата за Сител одговорија дека поканата за присуство на Иванов пристигнала по завршување на целиот настан.

Иако поканет утрово не се појави ниту поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Поради претходно закажани работни активности на церемонијта не приствуваа лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.