Земјотрес од 4,5 степени регистриран во Албанија
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала почувствуван е денеска во 8:19 часот во близина на албанскиот пристаништен град Драч.
-Епицентарот е на 22 километри североисточно од Драч, во Јадранско Море на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за предизвикани штети, јави Топ чанел.
Потресот е почувствуван и во Туман и други околни подрачја, кои беа погодени во катастрофалниот земјотрес што се случи лани на 26 ноември.
Тогашниот земјотрес беше со јачина од 6,4 степени, животот го загубија 51 лице, повредени беа над илјада а причинетата материјална штета беше проценета на над 1,2 милијарди евра.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: