ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 50 минути по полноќ регистрира земјотрес.

Eпицентарот на земјотресот е забележан на 320 километри југоисточно од Скопје во соседна Република Грција.Земјотресот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија, имаше локална Рихтерова магнитуда 5,3, а беше почувствуван од населението на југоисточните делови од државава со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.