ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Земјоделците бараат нови правилници за работа

Ниските откупни цени, пласманот на земјоделските призводи, но и недостатокот на преработувачки капацитети се главните проблеми со кои се соочуваат земјоделците. Потребни се нови правилници со кои ќе се уреди млекопроизводството, но и можноста земјоделците да ги продаваат своите производи од „куќен праг“. Тоа значи своите производи да ги нудат директно од своите домови, а да не мора да ги носат во откупните центри.

Иако годинава кај финансиската поддршка за земјоделството повеќе пари се наменети за рурален развој на сметка на директни субвенции, од Федерацијата на фармери велат дека малите стопанства заслужуваат поддршка. Велат – тие се столбот на земјоделството во Македонија, но треба да се најдат мерки и за поголемите стопанства.

„Проблемите се веќе познати и веќе долги години се истите, тоа е пласманот на земјоделски производи и климатските промени со кои се соочуваат самите земјоделци. Ние со години апелираме дека производната цена ни е далеку повисока од откупната цена на самите земјоделски производи“, рече Васка Мојсовска, претседател на Федерација на фармери.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски призна дека допрва се прават анализи и планови каде ќе се градат откупни центри кои земјоделците ги бараат со години.

„Факултетот за земјоделски науки во текот на месец мај ќе ја презентира стратегијата и анализата за откупно дистрибутивните центи на која макотрпно се работеше, за да знаеме точно во кои региони, на кој начини треба да се сугерира“, изјави министерот Николовски.

Од Федерацијата на фармери очекуваат по претседателските избори да се извршат измени во Програмата за рурален развој со кои ќе се отстранат, како што велат, многу дискриминаторски критериуми за жените-земјоделци. Во актуелната програма, на пример, жените фармери не можат да аплицираат за пари за рурален развој затоа што во многу случаи имотите се водат на име на нивните сопрузи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.