ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Зголемен притисок врз Меркел: Дали ќе го казни Путин поради труењето на Навални?

Германската канцеларка Ангела Меркел се соочува со зголемен притисок за завршување на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, откако германските лекари неделава потврдија дека рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е отруен од Новичок, истиот нервен агенс од воена класа, користен во нападот на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Зелената партија, која во моментов е втора на анкетите по Демохристијанската унија на Меркел (ЦДУ), ја повика канцеларката да престане со изградбата на скоро завршениот нафтовод од Русија до Германија како начин за казнување на Москва.

„Овој отворен обид за атентат од мафијашката структура на Кремљ не само што треба да нè загрижува, туку мора да има и вистински последици“, рече Кетрин Горинг-Екарт, претставник на Зелените во Бундестагот.

Повикот го повторија дури и некои членови на ЦДУ, пренесува „Форин полиси“.

– Единствениот јазик што го разбира Владимир Путин е остриот јазик. Мораме да одговориме на тој јазик – рече Норберт Ротген, член на Конзервативната партија и шеф на парламентарниот комитет за надворешни работи, кој долго време беше отворен противник на заедничкиот проект на Германија и рускиот нафтен гигант „Гаспром“.

Навални беше пренесен во болница во Берлин минатиот месец откако одеднаш му се слоши на летот од Сибир за Москва. Во моментов се наоѓа во вештачка кома и е во стабилна, но критична состојба. Германската влада во средата објави дека непријателот на Путин е затруен од „Новичок“, потенцијално смртоносен нервен агенс развиен во советските лаборатории.

По оваа потврда од германските лекари, претседателот на германските социјалдемократи (СПД), Норберт Валтер-Борјанс, стартуваше „натпревар за идејата какви санкции да се воведат на Русија“.

Проектот „Северен тек 2“ веднаш беше наметнат таму, кој треба да испорача природен гас за пазарот на ЕУ од едно пристаниште близу Санкт Петербург, преку Балтикот, до едно пристаниште на крајниот северо-исток на Германија, веќе следната година. Зад проектот главно стои руската државна компанија „Гаспром“.

– Ако сега го завршиме проектот за гасоводот „Северен тек 2“, тоа не само што ќе биде максимална потврда и поддршка за Владимир Путин да продолжи со оваа политика, туку и награда за него – рече Ретген, кој исто така е еден од кандидатите за наследник на Меркел.

Претседателот на Либерално-демократската партија (ФДП), Кристијан Линднер, оцени дека проектот „Северен тек 2“ е „неодржлив“.

– Режимот што организира убиства со труење не треба да биде партнер за големи проекти, а тоа се однесува и на проектите за гасовод – рече тој.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.