Зголемен број патролите на КФОР на Косово,

На северот на Косово, како и на целото Косово, бројот на рутински патроли на КФОР е зголемен,
„КФОР внимателно ја следи ситуацијата низ Косово и останува фокусирана на секојдневното спроведување на својот мандат, што произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, за да се обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат во Косово. „КФОР го зголеми бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и северно Косово“, се вели во соопштението на КФОР за КоССев.
Претходно, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека не бил информиран дека КФОР ќе интервенира на северниот дел на Косово.Во меѓувреме , четворица градоначалници од северно Косово се состанаа со командантот на КФОР генерал мајор Франко Федеричи, кој побара неговите војници да останат неутрални и да дејствуваат во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.