За 2.000 долари продавале лажни вакцини против Ковид -19

Измамници во Ирак за 2.000 долари продавале лажни вакцини против Ковид -19.
Полицијата во Техеран уапсила петмина обвинети за продажба на лажна вакцина против коронавирусот.
За новинската агенција ИСНА, началникот на полицијата на западен Техеран, Мушин Хањерли, потврдил дека е разбиена криминална група која продавала лажни вакцини.
Во полициската акција се уапсени пет луѓе. Вакцината ја продавале под името „ремдесивир“, а секоја ја наплатувале по 2.000 долари.
Групата во Техеран продала 52 лажни вакцини и така заработила околу 100.000 долари.
Предупредувајќи ги граѓаните да внимаваат, Хањерли рекол дека шестмина измамени луѓе што ја купиле лажната вакцина починале, а конечната причина за нивната смрт треба официјлно да ја утврдат лекарите, пишува сараевски „Аваз“.
Во Иран досега од коронавирусот починаа повеќе од 23.000 луѓе.