ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

За приходи до 2 милиони денари нема да се плаќа ДДВ

Граѓаните и фирмите кои лани имале промет под 2 милиони денари, имаат рок до 15 ти јануари да се одјават од системот на УЈП како ДДВ обврзници. Согласно законските измени, од Нова година подигнат е прагот за ДДВ обврзник од 1 на 2 милиони денари. Ова значи дека лицата кои заработиле над 16.200 евра годишно веќе не мора да се даночат со 18% . 

Толку ќе платат само тие со приход над 32.500 евра годишно . Власта го подигна прагот за ДДВ обврзници од 1 на 2 милиони денари. Го намали и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот како ДДВ обврзник.  

Од 5 рокот е скратен на 3 години, што значи ако една  година лицето има промет од над 2 милиони денари, ќе мора и во наредните 2 да плаќа ДДВ и покрај тоа што можеби нема да го надмине лимиот од 2 милиони денари.

Кога ги презентираше измените, министерката Ангеловска рече дека даночната администрација трошела повеќе време на малите ДДВ обвзници, кои придонесувале со само 2% во вкупната наплата на ДДВ.

Даночните експерти  подолг период апелираа да се смени законската регулатива и да се допрецизира законот, затоа што како што беше скроен, создаваше правна несигурност и одредени физички лица беа ставени во подредена положба. Тоа се лицата кои имаат авторски договори и мора да се регистрираат во системот и да плаќаат и наредните години, и покрај тоа што можеби договор за следните години нема да имаат. Но ваквата обврска останува и во новото законско решение.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.