За каква поддршка зборува Ковачевски, само лани клуч на врата ставија речиси 7 илјади фирми, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат премиерот Ковачевски за каква помош кон економијата зборува, кога, како што велат, само лани се затвориле илјадници фирми.„Дали за воведувањето на таканаречениот солидарен данок со кој удри по компаниите кои чесно работат и плаќаат придонеси или за зголемувањето на ДДВ за над 1.000 производи? Која помош ја даде Ковачевски кон економијата кога има пад на реалната плата? Каде одат парите од буџетот и како се трошат?
Само во 2022 година заради СДС и Ковачевски се затворени 6.857 компании, од кои 5 се големи фирми со над 250 вработени и над 10 милиони евра приходи, потоа затворени се 3 средни компании кои имаат до 250 вработени и 10 милиони евра приходи, останатите се мали и микро претпријатија од кои се издржувале исто толкав број на семејства.
За каква економска помош зборува Ковачевски кога се поголем е бројот на компании кои едвај врзуваат крај со крај? Имено лоши им оди на компаниите низ целата држава. Ако се погледнат податоците објавени во медиумите направени врз анализа на Бизнисмрежа, се доаѓа до заклучок дека во 2022 година во Скопје се затворени 2.299 претпријатија, во Битола 411, во Тетово 385, во Куманово 340, во Гостивар 305.
Фирмите се борат да преживеaт, па оттука нејасно е на што се троши најголемиот буџет во историјата на државата?“, велат од опозициската партија.
Оттаму го обвинуваат Ковачевски дека ја сфаќал економијата како тендери во 4 очи и преземање фирми за 0 денари како случајот со Дрин со „Соравија“.