ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

За власта има динамизирање на разговорите со Бугарија; опозицијата тврди заткулисни преговори на штета на идентитетски прашања

„Кога сме кај чувствителните прашања, сакам јасно и гласно да повторам – никој не преговара за идентитетот! Јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, на секој народ, на секоја етничка заедница, на секоја држава и тоа е неприкосновено право посилно од било кое друго право. За овие прашање ниту сме преговарале, ниту имаме право да преговараме, ниту некој некогаш ќе преговара.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Опозицијата праша како да има доверба во начинот на кој се водат разговорите кога не ги добиваат одговорите што Скопје ги пратило во Софија на т.н „5+1 пакет-прашања“.

Како ние да имаме доверба како пратеници кои што ги избрал народот, пратениците ја избрале владата а владата не сака со нас да сподели еден нон-пејпер кој што во декември бил испратен во Софија. Како да ги изградиме тие позиции во кои што вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење, а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој нон пејпер кои што сакаме да биде во согласност со Декларацијата која што ова Собрание ја усвои.“, истакна Антонијо Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Османи објаснуваше дека не може да се зборува јавно за документи кои се уште се тема на разговори меѓу двете страни и кои се уште не се усогласени.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.