ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

За вакцинација досега се пријавиле повеќе од 46 илјади граѓани

Над четириесет и шест илјади граѓани се пријавиле за вакцина против ковид-19 на веб страната вакцинација.мк.

– Дел од матичните лекари велат дека за сега пријавувањето оди без поголеми гужви, повеќемина од граѓаните сами аплицираат, а мал дел се обраќаат до матичните лекари тие да ги пријават за вакцинирање, вели матичниот доктор Лилија Чолакова Дервишова.

„Од секоја амбуланта 10-20 се пријавиле, добро е што нема гужви, натаму оставаме на стручните служби кои што се одговорни да направат селекција спрема бројките на вакцини што ќе стинат во државата, што ги добро е нема гужва и добро е што некои вакцини стигнаа “

Во меѓувреме Министерството за здравство подговтува кампања за подигање на свеста кај граѓаните за имунизирањето од новиот вирус.

„Министерството за здравство во периодот што следува подготвува кампања за покревање на свеста на граѓаните во однос на престојната вакцинација, со цел што повеќе граѓани да се заинтересираат за аплицирање во процесот на вакцинирање.“Министерството за здравство .

Од министерството дополнуваат и дека процесот на пријавување преку веб страницата вакцинација.мк не значи дека тие што аплицирале веднаш ќе бидат повикани.Имунизацијата на граѓаните ќе се одвива согласно веќе утврдениот националниот план и приоритети.

Преку системот Мој термин ќе се знае датумот и часот за вакцинирање согласно фазите, а заинтересираните граѓани ќе бидат повикани од страна на матичните лекари кога да се јават за вакцина на бараната локација.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.