ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

За бугарското вето, опозицијата ја обвинува власта

Опозицијата бара одговорност од Владата за бугарското вето, што го оневозможи одобрувањето на преговарачката рамка за Македонија. ВМРО ДПМНЕ оценува дека владата со лаги ги зголеми очекувањата на граѓаните дека ќе започнеме преговори за членство, па сега очајот е многу голем.

Ако имавме унифициран национален став, заеднички ќе ја споделевме одговорноста, нагласува опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива.

„Тие помислија дека самите ќе го решат ова и сега неуспехот паѓа целосно на нив. Повеќе од една година имавме пораки од Бугарија дека такво нешто може да се случи, во рок од една година убеден сум дека сите политички субјекти ќе дадовме дипломатски придонеси за да изврши притисок во ЕУ врз Бугарија, и да најдат заедничко решение“, вели Скендер Реџепи, АА- ААА.

Но, владејачката ДУИ, сепак верува дека може да се најде решение до декември.

„Пред декември ќе има состанок на Советот што ќе овозможи интензивно продолжување на разговорите за изнаоѓање решение со цел организирање на првата меѓувладина конференција во декември“, велат од ДУИ.

СДСМ денеска е без став, но во последното излагање Никола Димитров рече дека Владата не е одговорна за бугарското вето, но дека тоа ја доведува во прашање сериозноста и кредибилноста на ЕУ. Димитров рече дека ставот на земјава кон идентитетот нема да се промени ниту во следните 70 години и затоа сè додека ЕУ не најде решение, ќе мора да продолжиме со спроведување на реформите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.