ЗА АМНЕСТИЈАТА ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ СИ ГИ ПЕРАТ РАЦЕТЕ СО КАЦАРСКА И РУСКОСКА
Обвинителката Вилма Рускоска и судијката Добрила Кацарска, во незавршен судски процес, ќе бидат принудени да одобруваат или да не одобруваат амнестија на 33-цата обвинети за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, само по еден опис на кривичните дела кои не смеат да бидат амнестирани, што во закон ќе им го изгласа Собранието.
На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК до копретседавачката на собраниското тело за помирување Фросина Ременски зошто Собранието ја префрла одговорноста за амнестијата за организираниот напад на Собранието и ги доведува во ризик Кацарска и Рускоска тоа да го прават по нивна проценка, пратеничката одговори дека тоа е личен новинарски став. На дополнително прашање колку полицајци ќе им бидат потребни потоа да ги чуваат судијката и обвинителката од незадоволните кои тие во вонсудската постапка нема да ги амнестираат, Ременски рече дека тоа прашање е за МВР.
На наше прашање, пак, до другата копретседавачка на телото Емилија Александрова, што ако Рускоска и Кацарска одлучат дека никој од обвинетите не треба да бидат амнестиран и им ја расипат математиката на пратениците, таа одговори: „Се надевам дека обвинителството и судот нема да имаат пречки да постапат по законот“.
А законот за амнестија е усогласен и тој ќе се изгласа во следниве денови. Според тој закон нема да може да бидат амнестирани