ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Захариева со јасно „не“ за старт на преговорите, Заев вели дека е подготвен, но сеуште има надеж

Јас сум подготвен и веќе го подготвив македонскиот народ за блокада од Бугарија. На ден пред последниот рок во кој Скопје и Софија требаше да постигнат договор, премиерот признава. Поголеми се шансите да не блокираат отколку да ги почнеме преговорите.

Но премиерот вели дека не ја губи надежта. Си постави нова временска одредница.

Заев одговарајќи на новинарски прашања во повеќе наврати потенцираше дека Македонија сака да гради како што рече братски односи со Бугарија и изрази надеж дека ставовите на бугарската влада не ги рефлектираат чувствата на бугарските граѓани.

А Владата во Софија и денеска потврди дека во вторник, Македонија добива вето. Велат главната причина е неисполнувањето на Договорот за добрососедство и погрешната политика која ја води македонската страна

Македонската опозиција пак обвинува за политика на двојни стандарди. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев пред македонските граѓани лаже дека ги брани македонските национални интереси а во Бугарија води политика на свиткана кичма. Од опозициската партија уште еднаш го повторија ставот дека ќе излезат на масовни протести доколку власта постигне договор на штета на македонсктие национални интереси

Во меѓувреме  медиумите во Албанија повикувајќи се на дипломатски извори велат дека е извесно дека Европскиот совет на седницата која треба да се одржи во вторник, поради бугарското вето ќе заклучи Македонија и Албанија да останат во пакет и преговорите со нив да почнат во март идната година.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.