ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Затвор до 1 година за трговците и угостителите кои не ги почитуваат препораките

Доколку граѓаните забележат дека угостителските објекти работат и покрај забраната од Владата, а супермаркетите ги зголемиле цените на основните продукти, од понеделник ќе можат бесплатно, телефонски да пријават на бројот 191.

Власта им порачува на угостителите да ги почитуваат забраните воведени поради коронавирусот, а супермаркетите да не ги зголемуваат цените за леб, сол, масло, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и средства за дезинфекција. Бројот на пазарниот инспекторат, мора да биде залепен на видно место на секој трговски објект.

„Она што можам слободно да им го кажам на сите трговци, бидејќи само тие работат сега, налепниците што ќе ви ги достават инспекторите а треба да бидат на видно место, за да ги видат сите граѓани, се бесплатни, на терет на Државниот пазарен инспекторат. Исто така вакви броеви ќе добијат сите бензиски станици и оние кои во моментов вршат трговија“, рече Стојко Пауновски – директор на Државен пазарен инспекторат.

Од пазарниот инспекторат велат дека локалните служби се на терен за да се санкционира прекршувањето на владините забрани, па затоа не успеваат да одговорат на сите повици. Министерот за економија, Крешник Бектеши,  потсетува на паричните казни и на казната – затвор.

„Сакам да алармирам до сите граѓани, угостители и трговци кои нема да ги почитуваат мерките ќе бидат казнети со казна од 5 000 евра, и согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, казна затвор и до една година. Ги повикувам  сите граѓани и бизнисмени во моментов да бидат разумни. Во време на криза да бидеме солидарни, одговорни, а не да размислуваме на профит“, рече Крешник Бектеши- министер за економија.

Што се однесува до покачувањето на цените на продуктите кои државата ги увезува, како портокалот и лимонот, министерот Бектеши, најави дека ќе и предложи на Владата да донесе одлука за посебни услови за трговија на одредени продукти.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.