ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Затворениците во Штип и Прилеп го прекинаа штрајкот, гладуваат половина од луѓето во Идризово

Барањата за амнестија продолжија и денеска – околу 300 затворениците во Идризово штрајкуваат со глад потврдија од Управата за извршување санкции и директорот на Идризово, Боби Мојсоски. Незадоволни од тоа што нема да бидат опфатени со законот за амнестија што го подготвува собраниската група за помирување која си остави дополнителен простор за финализација на законското решение. Премиерот Зоран Заев рече дека ги добил нивните барања, но вели неприфатливи се, односно нема да има закон за општа амнестија. На истиот став и министерката за правда, Рената Дескоска која денеска посочи дека телото за помирување е тоа кое што треба да се произнесе во законодавниот дом.

„Законот за амнестија е закон којшто не се работи во министерството за правда туку се работи во тоа тело за помирување во Собранието. Сите решение ќе произлезат од таму и потоа ќе бидат донесени во Парламентот“ – изјави Рената Дескоска – министерка за правда.

Станува збор за барање за амнестија, кое во вид на петиција дел од осудениците ја испратиле пред две недели до владата, министерството за правда и претседателот на собранието. Осудениците бараат закон за општа амнестија за сите дела што ги дозволува уставот, а на осудениците на доживотен затвор казните да им бидат преиначени во затворски казни на одреден број години. Се заканија дека доколку не бидата амнестирани, нивните семејства ќе протестираат пред владата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.