ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Засега нема препорака за укинување на полицискиот час

 Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека засега нема дополнително скратување на полицискиот час.

Сепак,  тој не ја исклучи можноста за истото да се разговара и на владината седница.

„Ја пратиме состојбата, доколку треба ќе го предложиме тоа до Владата, но засега не“, рече Филипче.

Тој додаде и дека во контекст на скринингот на населението, од утре ќе започнат тестирањата на вработените во градинките, а се очекува во текот на една недела да се тестираат околу 2000 вработени.

Воедно потенцираше дека досегашните преземени мерки дале позитивни резултати, а дека отскокнувањата коишто се случија овие денови се поврзани со одредени настани. Еден кластер е поради погреб кој бил одржан во Тетово, а заразените од Скопје биле поврзани со семеен настан кој се одржал во околината на градот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.