ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЗАСЕГА НЕМА ВОВЕДУВАЊЕ ТЕСТОВИ ЗА КОВИД ЗА ТРАНЗИТ НИЗ ЗЕМЈАВА, ОДЛУЧИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Засега нема да се воведуваат ПЦР тестови за државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои транзитираат низ земјава.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести се разгледувало ова прашање и Комисијата вели дека ќе продолжи„ будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки“.

„Според постојните мерки, граѓаните на овие земји кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја“, соопшти Министерството за здравство по состаноот на Комисијата.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.