ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Зариф: Сите мерки може да се повлечат – Макрон со осуда до Техеран

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјави дека сите преземени мерки од страна на Teхеран може да се повлечат доколку европските потписнички на договорот ги исполнат своите обврски, додека францускиот претседател Емануел Maкрон ја осуди денешната одлука за зголемување на нивото на збогатување ураниум.

Зариф на Твитер напиша дека Иран презел чекори за заштита на своите интереси во однос на „американскиот економски тероризам”.

„Сите овие чекори можат да се повлечат само преку договорот Е3″ (Нуклеарниот договор меѓу Иран и западните сили)“, наведе Зариф.

Макрон го квалификува иранскиот потег како „кршење” на договорот, рече неименуван официјален претставник.

Иран денеска објави дека е целосно подготвен да збогати ураниум на кое било ниво и која било количина.

Иран најави дека од денеска неговата програма за збогатување ураниум ја надминува границата од 3,6 отсто, како што беше договорено со нуклеарниот договор во 2015 година.

Иран претходно објави дека процентот на збогатување на ураниум ќе го зголеми на пет отсто.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.