ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заразената докторка миленичка на министерот Венко Филипче?

Докторкатa која не ги почитуваше препораките на Министерството за здравство, директорка на клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, според објавата на Фејсбук, испаѓа како да била миленичка на министерот Венко Филипче. Тој на 16 јануари на неговиот профил на Фејсбук го постирал видеото на Билијановска која се претставува како посветена докторка на пациентите, иако е на директорската позиција.

Да потсетиме дека таа не ги почитувала препораките на Министерството за здравство и пред една седмица  допатувала од Италија, каде што се заразила со коронавирус. Ова денеска го соопшти на вонредна прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Според фотографиите од нејзиниот фејсбук профил, таа две недели била на скијање во познатиот скијачки центар во Италија  Алта Бадиа, Доломити. Фотографијата на профилот е постирана на 28 февруари. Според сознанијата,  таа била во допир со пациенти, држела семинари на дерматолози, и две недели била на работа со корона вирус.

Министерот Филипче на прес-конференцијата рече:

„Практично таа по враќањето од Италија пет работни дена одела на работа, а земајќи го предвид овој факт исклучително внимателно пристапуваме кон мерките на клиниката за кожни болести“.

Според него, Нина по враќањето во земјава, на Клиниката немала денови во амбуланта, односно немала контакт со пациенти, што според министерот е мала олеснителна околност.

По извршените проверки на Клиниката ќе се одлучува дали целиот оддел ќе биде затворен, пациентите испратени на домашно лекување, а вработените во самоизолација.

„Нејзината состојба е иста како и на двајцата сопружници, стабилна, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана, во текот на денот ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница“, рече во продолжение Филипче.

Целата екипа на Институтот од јавно здравје прави проверка на сите кои соработувале со неа, вработени и пациенти.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.