Запре реконструкцијата на Универзална сала – Арсовска тврди дека проектот бил згрешен

Реконструкцијата почна помпезно пред изборите, но веќе со месеци симболот на Скопје, стои руиниран.
Процесот на реконструкција на „Универзалната сала“ оди со минимално темпо, а како причина за тоа градоначланичката на Скопеј Арсовска, ги наведува бројните пропусти и лошото планирање на проектот од страна на претходната градска власт.
-Затекнатата состојба на терен во однос на тоа како се трошеле средствата донирани од Владата за реализација на овој проект со кој што таа обезбедила 120 милиони денари, укажува на непласно и несоодветно искористување на средствата без притоа да се има целосна техничка документација и дополнително без да се осигураат дека овој објект ќе биде безбеден за да можеме да го користиме и дека еден ден нема да се сруши додека имаме полна сала со граѓани внатре. – Данела Арсовска .
Вака изгледа денеска местото кое памети илјадници концерти од, не само домашни и регионални, туку од нејзината бина за Скопјани свиреле уметници од светски размери. Пари за реконструкција на надворешниот дел се обезбедени од страна на Владата, но за ентериерот засега нема ниту пари, ниту пак има било каков проект за изработка.
-Доколку Владата овозможила да има средства за надворешниот дел, ќе разговараме и ќе преговараме да видиме што е решението за внатрешниот дел, но во овој момент сме далеку од тоа. -Датумот е веднаш штом ќе се потврди техничката документација. Јас верувам дека во роковите таму кои што ќе се предвидат ќе биде завршено, соодветно како што е планирано,- – Данела Арсовска .
Универзална сала не фунцкионира веќе седум години, а за нејзината реконструкција говореа бившите мандатари Коце Трајановски и Петре Шилегов кој ја отпочна реконструкцијата, а сагата продолжува и со новата градоначалничка Данела Арсовска. Кога повторно граѓаните ќе стапнат во нејзе и кога ќе одекне музика од овој храм на солидарноста, засега нема конкретен датум.