ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Започнуваме со уште една клучна мерка со која ги враќаме парите кај граѓаните, од понеделник стартува повратот на ДДВ од 15%

Зборот важи! Уште една клучна мерка од која бенефит имаат граѓаните започнува со реализација од понеделник 1 Јули.

Повратот на 15 отсто ДДВ е уште една потврда дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните.
Притоа, достапноста на оваа мерка  е многу едноставна за користење, бидејќи се употребува единствено  мобилен телефон со кој преку апликација се скенираат фискалните сметки кои ги добиваат граѓаните при купување или користење на некоја услуга.
Преку оваа мерка, на крајот на годината во семејниот буџет влегува уште еден доход плус, а државата враќа 50 милиони евра назад кај граѓаните.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките кои значат економски раст, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард на сите.
Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.