ЗАПОЧНА ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ НА ХЕЛЕНСКАТА РЕПУБЛИКА
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, со што започна неговата дводневна официјална посета на Хеленската Република.
Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Сакеларопулу. Претходно, претседателот Пендаровски положи венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Хеленската Република.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: